Синер и Беретини немолосрдни, Италија го одбрани Дејвис Купот

Италија го одбрани трофејот освоен минатата година во Дејвис Купот, триумфирајќи над Холандија во големото финале во Малага со 2-0.

Матео Беретини го донесе првиот поен, а потоа го следеше Јаник Синер. И двајцата славеа без загубен сет. Победата на Синер над Гриксспор му беше 73-та сезонава, а на трофеите на Австралија Опен и УС Опен ја додаде и титулата во Дејвис Купот, покрај завршниот турнир во Торино и уште неколку титули.

Многумина очекуваа Синер да има релативно лесна задача со Грикспор, но тоа не беше така. Холанѓанецот беше единствениот кој имаше брејк-топки во првиот сет, но не ги искористи и на крајот беше казнет. Синер уште еднаш покажа дека тај-брејковите му се специјалитет и поведе со 1-0 во сетови. Грикспор во вториот сет рано го загуби сервисот, но веднаш се врати, на изненадување на присутните во Малага. Сепак, Синер ги доби сите четири последователни гемови, па започна големото славје на Италијанците.

Италија сезонава го освои и Били Џин Кинг Купот.