Синер го одбрани трофејот во Мелбурн и дојде до Грен Слемот број три!

Првиот светски рекет Јаник Синер е старо-нов освојувач на Грен Слем турнирот Австралијан Опен, откако во финалето во три сета во меч кој траеше повеќе од два и пол часа го совлада вториот тенисер Александар Зверев (6-3, 7-6, 6-3) и така дојде до втората титула во Мелбурн, по онаа од лани.

Зверев со своето најсилно оружје, моќниот сервис, не му дозволуваше на Синер да дојде до брејк-предност. Но, така беше сè од осмиот гем, во кој Германецот прво спаси три брејк топки, но не и четвртата, па Синер поведе со 5-3. Во следниот гем првиот рекет на светот без загубен поен го потврди стекнатото водство и го освои првиот сет (6-3).

Вториот сет и двата тенисери го играа претпазливо, па затоа замина во тај-брејк. Видовеме пет брејка во битката за поени, а клучен за Синер и неговата победа од 7-6 беше брејкот за предност од 5-4, потоа и двата освоени негови поени. Во третиот решавачки сет, одлучи еден брејк, за 4-2.

За Синер ова беше трета Грен Слем титула во кариерата, откако претходно освои по еден трофеј во Австралија и на УС Опен.