• Зоран Мишевски
По допинг скандалот во кој се најде и смената на двајца тренери во својот тим, Јаник Синер и официјално ќе соработува со кондиционен тренер Марко Паники. Италијанскиот тенисер ги отпушти кондициониот тренер и физиотерапевт Умберто Ферара и Џакомо Налди, по аферата со позитивните тестови на клостебол.
„Синер е одличен спортист, во физичка смисла го споредувам со Новак“, изјави неодамна Паники во интервју за „Скај“.
Паники и Ѓоковиќ ја прекинаа соработката во мај годинава.
Италијанецот е сигурен на врвот на АТП листата со 11.180 бодови, но сака да го завери врвот и на најдобар можен начин да ја заврши годината. Светскиот рекет број еден пред финалето во Торино реши да игра на турнирите во Пекинг, Шангај и Париз.