Синер е во налет, еве кога може да го достигне Ѓоковиќ на врвот

Јаник Синер без сомнеж е тенисер кој игра во најдобра форма на АТП турнејата. Со освојувањето на Мастерсот во Мајами, Италијанецот скокна на втората позиција на ранкингот надминувајќи го Карлос Алкараз

Следна цел на Синер веројатно е напад на врвот кој го брани Новак Ѓоковиќ. Србинот си зеде пауза и во моментов не игра, а се очекува неговиот кам-бек да биде за Мастерс турнирот во Рим. Сепак, дотогаш веќе може да го загуби врвот на АТП караванот. 

Синер има простор на Мастерс турнирите во Монте Карло и Мадрид да го престигне и надмине Ѓоковиќ, особео бидејќи на двата не брани значителен број поени. Лесно може да се случи меѓу 24 април и петти мај италијанскиот ас да стане прв светски рекет. 

Доколку тоа се случи, Ѓоковиќ на сезоната на земја ќе биде во проблеми, на Ролан Гарос брани 2.000 поени и Синер би имал изгледни можности периодот од годината на кој играат на трева да го дочека од врвот. Сепак, за тоа да се случи потребни се добри настапи и барем еден трофеј на следните два Мастерс турнири. Секако, од трката не смее да се исклучи ниту Карлос Алкараз кој исто така не заостанува многу, ама како Ѓоковиќ и тој брани доста поени. 

Новак Ѓоковиќ е водечки на ранкингот со 9.725 поени, следи Јаник Синер со 8.710, пред Карлос Алкараз со 8.645.