• Горан Упале
Најдобриот италијански тенисер, Јаник Синер, беше почестен со овации на „Сан Сиро“, каде навивачите на Милан му се поклонија за трофејот што го донесе во Италија. Синер го предводеше италијанскиот Дејвис Kуп тим до трофејот во Малага, а на патот до големиот успех го совлада најдобриот во светот Новак Ѓоковиќ.
Познато е дека Новак, исто како Синер, ги поддржува „росонерите“, чии ултраси пред натпреварот со Борусија Дортмунд емотивно го поздравија тенискиот херој со моќните извици „Благодариме Синер“.
На трибината каде што се наоѓаа најжестоките поддржувачи можеше да се види паролата за човекот кој ги победи најголемите.
„Јужната трибина ти оддава почит“, е пораката на ултрасите на Милан.
Lo Stadio della tua Squadra del cuore che ti dedica un coro anche se sei "solo" un tennista.
Non si vede tutti i giorni qualcosa del genere, brividi .
: @SkySport pic.twitter.com/nECvewggXx
— Janniksin_Updates (@JannikSinner_Up) November 29, 2023
Од стадионот, покрај убаво сеќавање, тој однесе и подарок во вид на дрес на Милан со бројот десет.
Синер не така одамна беше мета на критики во Италија, бидејќи избегнуваше да игра за репрезентацијата во групната фаза на Дејвис Купот, но тој „грев“ брзо беше заборавен по неговиот феноменален настап и трофејот што го донесе дома. На култниот стадион, каде што доби овации, можеше да види колку моментално е популарен меѓу луѓето.