Синер: Чувствувам одговорност, ја прифаќам суспензијата од ВАДА

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се огласи по изречената тримесечна суспензија поради допинг-скандалот кој се случи уште минатата година и изјави дека ја прифаќа одлуката, иако знае дека тој самиот не е виновен.

„Овој случај висеше над мене скоро цела година и беше долг процес. Секогаш прифаќав одговорност и знам дека строгите правила на ВАДА не постојат бадијала.

Мојот тим погреши, но погрешив и јас, иако знам дека не сум директно виновен. Ја прифатив понудата од ВАДА и заеднички решивме да добијам санкција во траење од три месеци“, рече Синер.  

Првиот светски рекет неодамна го освои трофејот на Австралија Опен, но сега ќе мора да паузира 90 дена, по што ќе се врати на престижните тениски турнири ширум светот.