Синер ангажираше уште еден поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ

Италијанецот Јаник Синер е првопласиран на АТП листата, а очигледно има намера да се задржи на врвот подолго време. Тоа го потврди со ангажирањето на уште еден екс-тренер на Новак Ѓоковиќ, Радек Штепанек. 

Чехот е трет тренер кој во минатото работел со Ѓоковиќ, а сега е дел од тимот на Синер, а таму се уште физиотерапевтот Улисед Бадио, како и кондицискиот тренер Марко Паникини. Италијанецот во моментов има 11,330 поени, скоро 4,000 повеќе од Александар Зверев, кој од вчера е на втората позиција и го мина Карлос Алкараз. 

Синер имаше турбулентна сезона, беше во центарот на допинг-скандал, но засега минува без конкретна и сериозна казна или суспензија од Интернационалната тениска федерација.