• Горан Упале
Ноќва се затвори кругот на учесници во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати во женска конкуренција и меѓу осумте најдобри влегоа Јасмин Паолини, Коко Гоф, Варвара Грачева и Вероника Кудерметова.
Паолини остнаа во борбата за титулата,1.000 ВТА поени и голема парична награда, благодарение на победата во два сета над Барбора Крејчикова од 6-1, 6-2. Поразената финалистка на минатогодишниот Вимблдон оди на мегдан на Гоф, која исто така во два сета беше подобра од Италијанката Луција Бронзети (6-2, 6-4).
Quarterfinalists Revealed #CincyTennis pic.twitter.com/d7BnAheh3j
— wta (@WTA) August 15, 2025
Французинката Грачева мораше да вложи повеќе труд за да ја елиминира Ели Зајдел од Германија со 2-1 во сетови (2-6, 6-1, 6-1), додека Русинката Кудерметова успеа да ја елиминира Магда Линет од Полска во два сета (6-4, 6-3). Претходно, во четвртфиналето се пласираа Арина Сабаленка, Ига Швјонтек, Елена Рибакина и Ана Калинскаја.