• Иван Димовски

Втората носителка на Австралија Опен, Ига Швјонтек се пласира во осминафиналето откако лесно се справи со Ема Радукану и ја совлада со 2-0 за час и 11 минути игра. Полската тенисерка загуби само еден гем во овој меч, првиот сет го доби со 6-1, а вториот со експресни 6-0 за доминантна победа.
Ема Наваро во три сета и по голема борба ја исфрли Онс Џабер (2-1). Поведе американската претставничка во Мелбурн со 6-4, а потоа Џабер со 6-3 успеа да израмни. Клучниот сет Наваро го доби со 6-4 одново и се пласира понатаму.
Елена Рибакина нешто полесно се справи со Дајана Јастремска (2-0). Седмата носителка на турнирот ги доби двата сета со 6-3 и 6-4 за час и 24 минути.
На останатите терени Лис ја совлада Кристиан (2-1), Касаткина беше подобра од Пунитсева (2-0), а Кудерметова ја елиминира Хадад Маиа (2-0).