• Саше Љолес
Ига Швјонтек првпат триумфираше во сингл-конкуренција на англискиот Вимблдон, а по финалниот меч против Аманда Анисимова изјави дека не го очекувала овој успех.
Полската тенисерка испиша историја за својата земја и стана прва во историјата со овој престижен трофеј. Ја пофали својата противничка, посакувајќи и големи нешта во натамошната кариера.
„Морам да признаам дека не го очекував ова. Се подготвував сериозно за овој турнир, но имав и мали проблеми со физичката подготвеност. Успеав да се издигнам кога беше најпотребно и мислам дека веќе сум искусна тенисерка.
Честитки за Аманда, навистина ѝ посакувам успеси во кариерата. Ова за мене е специјален ден кој нема никогаш да го заборавам“, рече Швјонтек.
За Швјонтек ова беше шеста Грен-Слем титула во кариерата, прва на „Ол Ингланд Клубот“ во Лондон.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X




