Швјонтек: Конечно можам да кажам, минав низ вистински пекол!

Полската тенисерка Ига Швјонтек се огласи веднаш откако официјално беше соопштено дека била позитивна на допинг-тест и затоа добила суспензија во траење од триесет денови. 

На Полјачката ѝ била уважена жалбата и таа наскоро ќе се врати на терените, но вели дека минала низ тежок и макотрпен процес кој оставил последици врз неа. 

„Конечно можам да зборувам и да ја споделам мојата тага со вас. Убедливо најлошо искуство во мојот живот, бев многу тажна и несреќна. Во последните два месеца бев под строг надзор на ИТИА, која не ми дозволи да се натпреварувам поради оваа ситуација. Ова беше вистински пекол. 

Јас и мојот тим моравме да се носиме со овој стрес и оваа неправда. Бев анскиозна и не сакав да комуницирам со никој. Кога ѝ велев на јавноста дека сум преморена и депримирана, навистина го мислев тоа. Се надевам дека ќе се вратам посилна од било кога“, изјави Швјонтек. 

Полската тенисерка е второпласирана на ВТА листата, веднаш зад лидерот Арина Сабаленка од Белорусија.