• Саше Љолес
Ига Швјонтек се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако ја елиминираше Украинката Елина Свитолина со 2-0 во сетови (6-1 и 7-5).
Полската тенисерка немаше големи проблеми, иако мораше да одигра многу поквалитетно во вториот сет, но успеа да ѝ го одземе сервисот на противничката во единаесеттиот гем и ја заокружи победата за еден час и 45 минути.
Швјонтек на тој начин закажа мега-пресметка со Арина Сабаленка, која претходно славеше над Кинвен Женг од Кина.
ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X






