• Иван Димовски

Ига Швјонтек и Наоми Осака успешно го започнаа настапот на УС Опен. Полската тенисерка без поголеми проблеми ја совлада Кинезинката Ванг со 2-0 во сетови.
Швјонтек мечот го реши за час и половина, откако во првиот сет двапати го одзеде сервисот на противничката и поведе со 6-2. Во вториот сет ѝ беше доволен еден брејк за да стигне до 6-3 и пласман во следната рунда.
Таму ја очекува дуел со Надја Подороска. Аргентинката направи пресврт против Симона Валтер и славеше со 4-6, 7-6, 6-3.
Од друга страна Осака мораше да одигра два тај-брејка за да ја елиминира Анастасија Захарова. Јапонката беше подобра во двата и по нешто повеќе од два часа славеше со 7-6(8), 7-6(3). Пред овој меч Осака повторно го „украде шоуто“ со својот посебен аутфит.
The whole look for @naomiosaka pic.twitter.com/m4B5lEspzf
— US Open Tennis (@usopen) September 1, 2026
Во второто коло Осака ќе игра против Катерина Сињакова. Чехинката во првата рунда без загубен сет ја совлада Италијанката Елизабета Кочарето со 6-3, 6-3.










