Швјонтек без попуст за сонародничката за четврто коло на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос откако во два сета ја совлада сонародничката Магда Линет со 6-4, 6-4.

Четирикратната шампионка на Ролан Гарос уште еднаш покажа зошто важи за една од главните фаворитки за титулата на париската земјена подлога. Линет во одредени моменти успеваше да парира, особено во првиот сет, но немаше доволно квалитет за посериозно да ја загрози поранешната светска број еден. Швјонтек ја правеше клучната разлика во најважните моменти, ги користеше своите шанси за брејк и без поголеми проблеми го приведе мечот кон крај за пласман понатаму.

Пласман во следното коло обезбеди и Марта Костјук, која ја совлада Викторија Голубиќ со 6-4, 6-3. Украинката во поголемиот дел од мечот го контролираше резултатот и заслужено обезбеди место во следната рунда.

Успешна беше и кинеската тенисерка Ванг, која ја победи Украинката Јулија Стародубцева со 6-3, 7-6. Кинеската тенисерка можеше да ја заврши работата и порано, но вториот сет беше решен дури по голема борба во тај-брејкот.

Најнови вести од
Ролан Гарос (Ж), WTA Singles