• Горан Упале
Ига Швјонтек ја потврди својата улога на фаворит и без поголеми проблеми се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Полската тенисерка во четвртфиналето беше подобра од Људмила Самсонова со 2-0, по сетови (6-2, 7-5).
Првиот сет беше доста израмнет, а Русинката имаше шанса за брејк уште во првиот гем, но Ига го спаси својот сервис. Во шестиот гем, Швјонтек направи брејк, а истото го направи и во осмиот, со што поведе во сетови.
Во вториот сет, двете тенисерки направија два брејка, а третиот, клучен, го зеде Ига во дванаесеттиот гем. Самсонова потфрли на својот сервис, што Ига го искористи и дојде до триумф.
Во полуфиналето Швјонтек ја чека подобрата од дуелот Андреева - Бенчиќ.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon (Х)










