Швјонтек пресилна за Наваро, Кис преку Свитолина избори полуфинале

Ига Швјонтек обезбеди полуфинале на Австралија опен, победувајќи ја Ема Наваро во два сета. Ига, вториот играч на планетата, по деведесет минути игра победи против осмиот играч на ВТА листата со резултат 6-1, 6-2. 

Швјонтек го повтори најголемиот успех во Мелбурн, кој го постигна во 2022 година. Резултатски ова беше убедливо, но на теренот не беше баш така, особено не во вториот сет. Американката имаше свои шанси, брејк во петтиот гем, пред Ига да направи клучен исчекор кон победата во шестиот гем. Полската тенисерка загуби само 14 гема на овие пет меча во Мелбурн.

Швјонтек во полуфиналето ќе игра против Медисон Кис, која по пресврт ја совлада Елина Свитолина. Втората двојка ја сочинуваат Арина Сабаленка и Пола Бадса, а двата меча се закажани за в четврток.