Шварцман немаше сили, Надал ќе игра ТРИНАЕСЕТТО финале на Ролан Гарос

Рафаел Надал го победи Диего Шварцман и се пласираше во финалето на Ролан Гарос. Шпанецот со експресни 3-0 славеше против аргентинскиот тенисер, кој сепак пружи силен отпор, ама немаше сили за изненадување во клучните моменти. 

„Специјалистот“ за отвореното првенство во Париз мораше да игра три часа и 12 минути против Шварцман, ама сепак без загубен сет ќе игра ново финале. Надал ги доби првите два сета со по 6-3, а во последниот трети се играше тај-брејк, каде искуството исплива на виделина и „бикот од Мајорка“ не загуби ниту еден поен. 

За Надал, ова ќе биде 13 финале на Ролан Гарос, а досега ги доби сите 12 претходни и заслужено се смета за најголем фаворит на секое изданир од овој турнир. Во мечот за нова Грен слем титула, Надал ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Циципас.