Штруф беше жилав ривал, но Надал суверено обезбеди полуфинале во Барселона

Светскиот рекет број два Рафаел Надал се квалификува за полуфиналето на турнирот „Кондо де Годо“ во Барселона. Шпанскиот ас не блескаше ниту во четвртфиналето против Германецот Јан Ленард Штруф и мина 106 минути за да го совлада со 2-0 во сетови (7-5, 7-5).

Во двата сета Надал го одзеде сервисот на противникот во последниот 12-ти гем, покажувајќи поголема ментална сила од младиот германски тенисер, кој приреди изненадување, елиминирајќи го Гркот Циципас во четвртфиналето.

  • Поен на мечот: 

Победникот од последното четвртфинале меѓу Тием од Австрија и Пела од Аргентина ќе биде следен ривал на Надал на каталонската земја.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Русинот Медведев кој го надигра Николас Јари од Чиле со 6-3, 6-4 и Кеи Нишикори, кој го надигра Шпанецот Карбељас Баена со 2-0 во сетови (6-4, 7-5).