Што треба да направи Медведев за да го преземе врвот од Ѓоковиќ

Медведев Ѓоковиќ

Данил Медведев пред неколку недели стана првиот играч по Лејтон Хјуит кој застана на првите две места на АТП листата, кои најчесто се пополнети од „големата тројка“.

Повредата на Рафаел Надал му овозможи на Русинот да застане на чекор од првата позиција. Таа долго време е во сопственост на Новак Ѓоковиќ, кој како што најавува нема намера да им ја препушти на „новата генерација“ тенисери уште долго време.

25-годишникот од Москва игра во одлична форма во изминатите неколку месеци. Доколку тоа го повтори и на сезоната на земјена подлога и на трева, би можел да се закани на српскиот ас и да ја преземе челната позиција во светскиот тенис. 

Секако тоа нема да биде лесно, но постојат опции Медведев без да освои ниту една Грен слем титула да го постигне овој голем успех. Победа во Мајами ќе ја намали разликата во однос на првопласираниот за 950 поени, а голем напредок ќе може да направи по Ролан Гарос и Вимблдон.

Рускиот тенисер не брани многу поени на овие два големи турнири. На последното појавување освои вкупно 50 поени, па тоа ќе му овозможи со значителен успех повторно да застане на чекор од Ѓоковиќ. Со други зборови, Медведев мора да стигне најмалку до четвртфиналната фаза на сите претстојни турнири, за да го достигне Србинот на крајот од Вимблдон.

Искачувањето на вториот светски рекет на врвот на АТП листата е повеќе од аритметички проблем во овој момент. Тоа е, всушност, прилично веројатен настан, под претпоставка дека Русинот оваа година добро ќе се покаже на настапите на земја и трева.