Шпанско полуфинале во Барселона: Карено-Буста го предизвикува Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди пласман во полуфиналето на мастерсот во Барселона откако со 2-0 во сетови (6-1, 6-4) славеше над Камерон Нори.

Фаворитот за титулата лесно се справи со ривалот, а до победата дојде за еден час и 35 минути. Во првиот сет, Рафа направи брејкови за 3-1 и 5-1, додека во вториот решавачки сет, клучен беше брејкот за 5-4, преку кој Надал ја искористи втората меч-топка.

Надал во полуфиналето на турнирот ќе игра против Пабло Карено Буста, кој со 2-1 (6-4, 3-6, 7-5) славеше над Диего Шварцман од Аргентина. Шпанецот во решавачкиот сет губеше со 1-4, но, сепак, успеа да запише голема победа.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Стефанос Циципас и Јаник Синер.