Шпански тенисер местел натпревари, па доби осумгодишна суспензија

Енрике

Шпанецот Енрике Лопес е суспендиран осум години, поради наместени мечеви во 2017 година.

Единицата за интегритет во тенисот ја соопшти оваа вест. Според одлуката шпанскиот ас нема да може да игра, ниту да присуствува на официјални мечеви за време на казната.

Три обвиненија се прифатени, а две се одбиени, но и тие беа доволни за оваа драконска сакнција. Лопес дополнително ќе мора да плати 25.000 долари.

Засега тајна се мечевите и турнирите на кои 29-годишникот од Мадрид се обложувал.