Шпанската полиција во рација уапси 15 лица вмешани во местени натпревари

скандал тенис

Светскиот тенис повторно го дрма голем скандал во кој се вклучени 28 професионални тенисери, кои се гонат поради наместени натпревари. Неколку од нив беа дел од минатогодишното издание на УС Опен.

Унијата за интегритет во тенисот пријави сомнителни случаи кои продолжија со детална истрага, по која се уапсени 15 лица во Мадрид, а уште 68 стојат на ред за испрашување.

Се споменуваат дека тие имале соработници од ерменска националност кои биле поткупени со цел да отворат банкарски сметки преку кои се одвивале сите криминални трансакции. Дел од нив дури и биле приморани да патуваат на местата каде што се одигрувале мечевите со цел да се осигураат дека тенисерот ќе си го заврши својот дел од работата.

На осомничените им се припишува кривичната одговорност за злосторствата од интеграција во криминална организација, корупцијата меѓу поединци (спортско поле), измама, перење пари, нелегално поседување оружје и кражба на идентитет.