• Мартин Танасковски
Извлечена е ждрепката за финалната фаза на Дејвис купот што ќе се одржи во шпанскиот град Малага.
Бранителот на титулата Италија во четвртфиналето ќе се соочи со Аргентина. Во последната фаза се очекува да настапат сите најдобри тенисери, а на Италијанците ќе им се придружат светскиот рекет број еден Јаник Синер и Лоренцо Мусети кој ја прескокна групната фаза во Болоња.
Победникот од овој натпревар ќе игра полуфинале против победникот од двојката САД - Австралија. Во долната половина од табелата на ждрепката се двојките Германија - Канада, а домаќинот Шпанија ќе игра против селекцијата на Холандија.
Завршницата на Дејвис Купот ќе се игра од 19 до 24 ноември.