Шпанија ја одбра замената за Надал во Дејвис Купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да може да игра за бранителот на титулата Шпанија во рамки на Дејвис Купот.

Шампионот од 2019 година има повреда и недоволно е подготвен за овој предизвик. „Фуријата“ го одбра заменикот, тоа ќе биде младиот Карлос Алкараз во кого многумина гледаат наследник на Рафа.

Покрај Алкараз, во Дејвис Куп репрезентацијата на Шпанија ќе бидат уште Пабло Карењо Буста, Роберто Баутиста Агут, Фелисијано Лопез и Марсел Грањолерс.

Натпреварите во Дејвис Купот ќе се играат од 25 ноември до 5 декември.