• Иван Димовски

Претседателот на Тениската федерација на Шпанија, Мигел Диаз, откри интересни информации за настапот на тенисерите од оваа земја на Олимписките игри.
Рафаел Надал во веројатно својата последна тениска сезона се подготува за настап во Париз, а таму според најавите ќе игра и во двојки со Карлос Алкараз. Легендата на шпанскиот тенис и еден од најдобрите на сите времиња ќе заигра заедно со младата ѕвезда на својата нација.
Последниот освојувач на Ролан Гарос, Алкараз, кој го крена третиот Грен слем трофеј ќе му биде партнер на Надал во натпреварувањето во двојки во Париз. Вториот дабл на Шпанците го сочинуваат Гранољерс и Карено Буста или Давидович Фокина.
Тенискиот турнир во Париз ќе се одигра на терените на Ролан Гарос од 27 јули до 4 август.