Шокантна елиминација на Ѓоковиќ во Париз, завршниот турнир останува само сон!

Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација на Мастерсот во Париз, откако загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 6-3) во второто коло.

Српскиот тенисер одлично го отвори мечот и убедливо го освои првиот сет, но Хиџиката, кој се наоѓа на 83. место на АТП-листата, направи пресврт и стигна до најголемата победа во кариерата.

Клучниот момент се случи во седмиот гем од решавачкиот сет, кога Австралиецот направи брејк по две грешки на Ѓоковиќ. Потоа ја презеде контролата и со уште еден одземен сервис го комплетираше изненадувањето по два часа и 15 минути игра.

Со оваа елиминација, Ѓоковиќ ги загуби шансите за пласман на завршниот мастерс во Торино, додека Хиџиката во осминафиналето ќе игра против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.