Шокантен расплет на ВТА листата пред Ролан Гарос, голем пад на Швјонтек

Ига Швјонтек приреди шокантен расплет пред Ролан Гарос со нејзиниот пад на ранг-листата на ВТА. По серија катастрофални резултати и фактот дека не само што не освои титула, туку скоро една година нема одиграни ниту едно финале, тенисерката од Полска забележа пад на најновото рангирање.

Од овој понеделник, Швјонтек е петта тенисерка во светот, откако беше надмината од Гоф, Пегула и Паолини, шампионката на Рим. Швјонтек ја бранеше титулата во Рим, но стигна само до третото коло, каде што беше поразена од Даниел Колинс.

Фактот дека Ига сега е петта во светот значи дека на Ролан Гарос ќе може да игра против една од гореспоменатите тенисерки, вклучувајќи ја и Арина Сабаленка, уште во четвртфиналето.

На првата позиција сè уште е Сабаленка со 10.638 поени, Гоф е втора, па следуваат Пегула, Паолини, Андреева, Кис, Женг, Наваро и Бадоса.