Шокантен пораз за олимпискиот шампион, историски подвиг на Италијанецот Мусети

Актуелниот олимписки шампион, Александар Зверев, доживеа непријатен пораз од Италијанецот Лоренцо Мусети, со што го завршува настапот на Олимписките игри во Париз. 

Германецот беше изненаден од шеснаесеттиот светски тенисер и загуби со 2-0, по сетови 5-7 и 5-7, а Мусети е втор патник во полуфиналето и ќе има историска шанса да се бори за медал од најпрестижниот спортски настан на планетата. 

Мусети успеа да се избори за по еден брејк во двата сета, сосема доволни за овој значаен триумф, а мечот траеше вкупно два часа и пет минути. Италијанскиот тенисер во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас