Шок за Синер: Суспензија од три месеци за допинг-скандалот!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер денес беше суспендиран на три месеци и нема да игра во Доха иако на турнирот пристигна во понеделникот и тренираше секој ден. Причината е допинг скандалот.

23-годишниот Италијанец кој се наоѓа на првото место на АТП-листата имаше позитивен допинг-тест во текот на минатата година, а иако од ВАДА се чекаше одговор некаде во месец април, дојде порано од предвиденото.

Синер доби суспензија од три месеци и нема да може да игра до месец мај. Суспензијата стапува на сила веднаш. Кам-бекот на терените на Италијанецот се очекува на Ролан Гарос кој стартува на 19 мај.

Првиот светски ас ќе ги скокне турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид.