Шок за навивачите: Надал ги откажа Вимблдон и Олимписките игри!

Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал им соопшти на своите фанови и на јавноста дека планира да направи поголем одмор, пред одново да се појави на терените. 

Тоа во превод значи дека нема да го гледаме на Вимблдон и Олимписките игри. Еве ја пораката на Шпанецот преку социјалните мрежи:

„Здраво на сите. Сакам да ве известам дека решив да не учествувам на следното издание на Вимблдон што ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули. Исто така нема да играм на Олимписките игри кои се закажани за 24-30 јули. Морам да го слушам телото, ваквите одлуки никогаш не се лесни...“.

Тенисерот од Мајорка доживеа болен пораз во полуфиналето на Ролан Гарос. Поради своите години, на прес-конференцијата за медиумите по дуелот со Новак Ѓоковиќ најави дека би можел да донесе ваква одлука.

Надал планира максимално да одмори и да се подготви за последниот сезонски Грен слем, УС Опен.