Шок за Ѓоковиќ: Мора на операција, нема да игра до крајот на годината?

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ објави дека светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ веројатно ќе подлегне на оперативен зафат, за да ги реши проблемите со рамото кои го мачеа за време на американската турнеа. Иако нема потврда од тимот на Ѓоковиќ, оваа опција е најсигурниот начин трајно да се решат болките.

Србинот ќе загуби многу бодови на АТП листата до крајот на годината ако ги откаже преостанатите два Мастерс-турнири и Мастерс Купот во декември во „О2 Арената“ во Лондон. Многу веројатно најмногу од проблемите на Ѓоковиќ би профитирал Рафаел Надал, кој е многу блиску до враќањето на врвот на светското рангирање.

Ѓоковиќ зад себе остава успешна година, исполнета со освоени Австралија Опен и Вимблдон и полуфинале на Роланд Гарос.