Шок на Индијан Велс: Новак Ѓоковиќ испадна од Филип Колшрајбер!

Прворангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги заврши настапите на Индијан Велс уште во раната фаза, затоа што во 1/16-финалето испадна од германскиот ас Филип Колшрајбер.

Германецот кој е 39. на АТП-листата го изненади фаворитот на хартија и успеа да го совлада со 0-2 во сетови (4-6, 2-6). Ноле беше непрепознатлив, доста се мачеше, па тоа Колшрајбер знаеше да го искористи и уште во раната фаза да го испрати дома.

Првиот сет му припадна на Колшрајбер поради брејк за 3-4. Во вториот, пак, германскиот тенисер направи двоен брејк, имаше предност од 2-5, па на свој сервис испушти шанса од првата меч-шанса да го шокира фаворитот. Затоа, се поправи во десеттиот гем, кога на свој сервис, при резултат 4-5, ја искористи првата меч-топка.

Во наредната рунда Колшрајбер ќе игра против Монфис, кој во претходната рунда го елиминира Рамос.