Шелтон по речиси четири часа го исфрли Сонего за полуфинале на АО

Бен Шелтон ја оправда фаворитската улога и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, победувајќи го Лоренцо Сонего со 3-1 во сетови по речиси четиричасовна борба. 

Американецот кој котира на 20. позиција на АТП рангирањето (ќе напредува по овој турнир), одигра подобро во клучните моменти. Првиот сет Шелтон го доби со 6-4, а вториот со 7-5. 

Потоа следеше враќање на Сонего со 6-4 и огромна борба во четвртиот сет кој беше најизрамнет. Во него ниту еден од тенисерите не си дозволи да загуби гем на свој сервис, па се играше тај-брејк кој му припадна на Шелтон со 7-4.

Ривал на Шелтон во полуфиналето ќе му биде подобриот од пресметката меѓу Јаник Синер и Алекс Де Минер.