Шелтон: Ова е за мојата баба, ајде да го направиме ова за САД!

Бен Шелтон направи голем успех пред домашната публика и во американското полуфинале го совлада Франсис Тиафо со 4-6, 6-3, 6-3, 7-5. Со тоа 25-годишниот Американец за првпат во кариерата обезбеди место во финале на еден Грен слем турнир.

По големата победа, Шелтон не ги криеше емоциите и порача дека ќе даде сè од себе во борбата за титулата.

„Моите родители многу се жртвуваа за да бидам тука. Ова е за мојата баба. Во недела ќе ми треба вашата енергија. Одам по титулата и ќе оставам сè на теренот. Ајде да го направиме ова за САД“, порача Американецот.

Големото финале меѓу Шелтон и Зверев е закажано за в недела од 20:00 часот, кога ќе биде познат новиот шампион во Њујорк.

Најнови вести од
УС Опен, ATP Singles