ВИДЕО: Шарди го шокира Медведев и ја прекина неговата победоносна серија

Тенисерот со најмногу победи во 2019 година, Данил Медведев изненадувачки е елиминиран уште во второто коло на Мастерсот во Париз. Русинот, кој беше необично нервозен, загуби од францускиот тенисер Жереми Шарди со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 6-4). По шест финалиња по ред и две титули од Мастерс серијата во Синсинати и Шангај, Медведев потклекна во дуелот во легендарната „Берси“ во градот на светлината. 

Aлександар Зверев во два сета лесно се справи со ветеранот Фернандо Вердаско со 6-1, 6-3, а трето коло обезбеди и Григор Димитров, со победата над Хумберт од Франција во три сета (4-6, 6-1, 6-2).

Меѓу најдобрите 32-ца има место и за Шаповалов, Фриц, Шруф и Ди Минаур.