Шарди бурно реагира на привилегиите кои ќе ги добијат најдобрите во Мелбурн

Шарди

Строгите протоколи во Австралија поради коронавирусот ќе влијаат на организацијата на првиот сезонски Грен слем турнир во Мелбурн.

Челниците на турнирот одлучија да им дадат посебни привилегии на најдобрите тенисери и тенисерки. Посебно сместување во Аделајд треба да имаат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Доминик Тием кај мажите, односно Наоми Осака, Симона Халеп и Серена Вилијамс кај жените.

Оваа одлука ни малку не му се допадна на францускиот ас Жереми Шарди. Тој јавно ги нападна организаторите со следната изјава:

„Оваа одлука се појави од никаде за првите тројца тенисери, треба да се разгледа со претпазливост. Можете да го користите фитнес центарот, или можете и без него. Пет часа на ден се сметаат. Чудно е за спорт каде сите треба да имаат исти услови“.

Ова фаворизирање на најдобрите ќе им обезбеди подобри услови за подготовка на натпреварите на Австралија опен. Турнирот оваа година ќе се одржи во февруари, а не во вообичаениот термин во јануари.