Шарапова се повреди, но најверојатно ќе биде подготвена за Австралија Опен 

Марија Шарапова, некогашната најдобра тенисерка на светот, беше приморана да го предаде четвртфиналниот меч од ВТА турнирот во Шангај, откако се здоби со ситна повреда на нејзиниот бутен мускул. 

Русинката, излезе на терен, одигра еден сет против Арин Сабаленке, но потоа мораше да отстапи и предвреме да го заврши мечот. 

Иако сè уште не се знае сериозноста на нејзината повреда, првичните информации велат дека ќе биде подготвена за Австралија Опен, кој започнува на 14 јануари. Минатата сезона Шарапова стигна до третото коло од Грен слемот во Мелбурн, откако загуби од Анџелик Кербер.