• Сашо Поповски

Руската тенисерка Марија Шарапова пред два дена одлучи јавно да го открие својот телефонски број и да побара контакт со секој фан кој што сака да сподели нешто со неа.
Познатата Русинка, која стави крај на кариерата на 26 февруари, за само 40 часа добила 2,2 милиони приватни пораки.
2.2 million views in 40 hours. My current phone status... https://t.co/JBz3jTcZEE pic.twitter.com/3LhexYt9t9
— Maria Sharapova (@MariaSharapova) April 5, 2020
Во последните два дена, Шарапова остварува видео разговори со некои нејзини најблиски пријатели, како што се нејзините стилисти кои учествувале на фото-сесиите со тенисерката од Ниаган.
Познатите личности прават несекојдневни работи во овој период кога се приморани да седат дома. Некои остваруваат контакт и ги мотивираат своите фанови со различни предизвици, а убавата 32-годишна Русинка се одлучи на овој неочекуван потег.