Шарапова имаше успешен кам-бек, запиша прва победа на трева по 2015 година

Марија Шарапова

Русинката Марија Шарапова се врати по подолга пауза и победи на првиот меч во Мајорка. Петмесечниот пост не ѝ пречеше на руската тенисерка да ја надигра Викторија Кузмова (7-6/8, 6-0).

Поранешниот светски број еден се мачеше во воведниот сет и се спасуваше при резултат 5-6. На крај по многу мака стигна до водство, кое ѝ го олесни остатокот од мечот.

Во вториот сет немаше никаква дилема околу победникот. Шарапова се разигра и без загубен сет обезбеди место во следната фаза. Таму ќе се сретне со првата носителка на турнирот Анжелик Кербер од Германија.