• Саше Љолес

Британската тенисерка Ема Радукану нема да настапи на овогодинешниот УС Опен поради стрес-фрактура на десната потколеница, пренесуваат медиумите на Островот.
23-годишната тенисерка се повреди за време на сезоната на трева и по лекарските прегледи било одлучено дека нема да биде подготвена за последниот Грен слем турнир во сезоната.
Радукану, која во 2021 година сензационално го освои трофејот во Њујорк, неодамна започна со лесни тренинзи, но сè уште се опоравува од повредата.
Поради долгата пауза, таа ќе го пропушти и завршниот турнир од Били Џин Кинг Купот, а се очекува да падне и на ВТА-листата. Во моментов не е познато кога ќе се врати на терените.
