• Горан Упале
Светската тенисерка број еден, Ига Швјонтек и бранителот на титулата Џесика Пегула се повлекоа од тенискиот турнир Кореа Опен, објавија организаторите. Полската тенисерка како причина за повлекувањето го наведе заморот, додека финалистката на УС Опен се повлече поради ситна повреда.
Швјонтек, која го освои Ролан Гарос во јуни и се закити со бронзата на Олимписките игри во Париз, пред да загуби од Пегула во четвртфиналето на УС Опен, исто така се повлече од минатомесечниот Канадиан опен. Причината беше истотака заморот.
Поранешната шампионка на Вимблдон и светски рекет број четири, Елена Рибакина исто така ќе го пропушти Кореа опен поради повреда на грбот, додека полуфиналистката од УС Опен Ема Наваро се повлече поради промена на распоредот.