Серена започна со тренинзи, ќе го пријави својот настап на Ролан Гарос

Трофејната американска тенисерка Серена Вилијамс започна со тренинзи на „Филип Шатрие“ во Париз и на неполна една недела до почетокот на Ролан Гарос големи се шансите дека ќе го пријави својот настап на вториот Грен слем оваа сезона.

Серена пропушти многу турнири на почетокот од сезоната, игра без континуитет и со оглед на тоа што земјата не е нејзина омилена подлога, првпат по подолго време ќе дојде на еден голем турнир во улога во која не е главен фаворит за титулата.

Освојувачката на сите можни турнири по мајчинството и повредите имаше пауза од тениските терени, призна дека се соочила со ментален проблем и размислувала за пензија. Сепак, тоа е минато и Серена пак е во тренажен процес.

В четврток Американката ќе го пријави својот настап и ќе го дознае својот прв противник на париската земја.