Серена Вилијамс со победа го почна турнирот во Оукленд

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња и првата носителка, Серина Вилијамс на тенискиот турнир во Оукланд (Нов Зеланд), Серена Вилијамс со победа ја почна новата година.

На турнирот со награден фонд од 275.000 американски долари, Серена ја совлада Камила Џорџи од Италија со 6-3, 6-2.

38-годишната Американка го контролираше натпреварот, не дозволи брејк и за 68 минути запиша триумф. За пласман во четвртфиналето, Вилијамс ќе се сретне со нејзината сонародничка Кристина МекХејл.

\

Возњацки од Данска ја надигра Пејџ Ауриган со 6-1, 6-0, а Коко Гоф од САД започна со победа од 6-3, 6-1 над Викторија Кузмова од Словачка.