Серена Вилијамс поради болест се откажа среде меч на Индијан Велс

Серена Вилијамс, некогашната најдобра светска тенисерка, прерано ги заврши настапите на Индијан Велс.

Американката во рамки на третото коло не го доигра натпреварот против Габриње Мугуруза, поради болест. Вилијамс се откажа во вториот сет, при предност на шпанската колешка (3-6, 0-1).

Пред официјално да се откаже од мечот и да се прости со публиката, Вилијамс се консултираше со својот лекар и заеднички донесоа одлука дека најдобро е таа да не го продолжи овој дуел.

Во следниот круг Мугуруза ќе се соочи со Кики Бертенс или Јоана Конта.

Топ 5 поени на денот: