Серена со солзи на очите го предаде мечот, Андрееску го освои Роџерс Купот! 

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, пропушти уште една голема шанса своите витрини да ги закити со уште еден трофеј, откако вечерва  не го доигра натпреварот против младата Бјанка Андрееску. 

Во финалето на Роџер Купот во Торонто, 37-годишната Вилијамс по само четири одиграни гема со солзи на очите се реши да го предаде мечот, поради силни болки во грбот.

„Го дадов максимумот од мене, но не издржав. Се извинувам што не бев во можност да го доиграм мечот“, им се обрати Серена на присутната публика. 

Со овој голем успех 19-годишната Андрееску стана првата Канаѓанка по 1969 година која успеа да слави на овој турнир.