Серена надиграна во секој поглед, Бјанка Андрееску го освои УС Опен

Канадската тенисерка во романско потекло, Бјанка Андрееску изненадувачки го освои последниот тениски Грен слем турнир годинава, УС Опен. Таа во мечот за трофејот ја совлада фаворитката Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6-3, 7-5).

  • Најинтересените моменти од мечот:

Андеееску играше со искуство на ветеран, брзо го одзеде сервисот на Американката и го доби првиот сет со 6-3. Во вториот беше уште поубедливо, Бјанка поведе со 5-1 во гемови и се чинеше дека финалето е веќе завршено. Тогаш, Серена се издигна освои четири врзани гема и израмни на 5-5.

Сепак, Бјанка Андреески имаше сили за нов брејк и потврда на победата во 12-от гем. 

  • Последниот поен во мечот: 

19-годишната Андреску дојде до првиот Грен слем трофеј во карерата, а Серена заглави на 23 титули и ќе мора да почека до следната година да ја надмине легендарната Корт.