Вилијамс: Можеби требаше да бидам повеќе Серена во ова финале...

Серена Вилијамс УС Опен

Големата шампионка Серена Вилијамс го загуби четвртиот финален меч во низа, откако беше поразена во два сета на УС Опен од Канаѓанката Бјанка Андрееску.

Вчера продолжи проклетството на Американката која никако не може да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 Грен слем титули.

„Тешко ми е да прифатам дека направив доволно за да победам. Тоа не беше случајот денес. Мислам дека можев повеќе, можев да бидам повеќе Серена...

Мислам дека морам да се појавам на следното Грен слем финале, не само физички, туку и психички и во мојата најдобра форма“ , вели американската тенисерка.

Помладата од сестрите Вилијамс одигра катастрофално, а тоа го покажува и статистиката по мечот. Таа погоди само 44% од својот прв сервис, направи 33 неизнудени грешки и осум двојни сервис грешки.