Серена конечно ја победи Осака и обезбеди полуфинале во Торонто

Серена Осака

Помладата од сестрите Вилијамс, Серена, успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот од Мастерс серијата во Торонто. 

Американката конечно ја прекина серијата порази против Наоми Осака и со сигурни 6-3, 6-4 славеше на вчерашниот дуел. Сервисот беше значајно оружје за големата шампионка, кое не го загуби во текот на сите 78 минути игра.

Голема борба донесе последниот гем од мечот кога Јапонката успеа да спаси три врзани меч топки. Но, немаше сили истото да го стори и при четвртата.

На патот до финалето, Серена ќе мора да ја победи чешката претставничка Марије Бушкова.