Серена: Кој е најголем? Исус Христос

Серена Вилијамс без многу проблеми ја мина првата пречка на последниот овосезонски Грен слем, Ролан Гарос. Искусната Американка е задоволна од одиграната партија против Кристи Ан (7-6/2, 6-0) и е подготвена за нејзиниот следен предизвик, а тој е Светана Пиринкова.

„Таа игра одлично, но и јас сум подготвена. Задоволна сум од првиот натпревар и доколку ја повторам таа игра, мислам дека ќе запишам нова победа“, рече Серена. 

Серена, на Ролан Гарос би можела да ја освои 24-та Грен слем титула во својата кариера, со што ќе го изедначи рекордот на Маргарет Корт. Во исто време, Рафаел Надал во Париз може да го израмни рекордот на Роџер Федерер од 20 Грен слем титули. Па, новинарите беа заинтересирани што мисли таа за ривалството помеѓу Шпанецот и Швајцарецот.

„Не знам, не се мешам во приказните за тоа кој е најголем на сите времиња. За мене, најголемиот е Исус Христос и тоа е тоа“, рече Серена и додаде: „Отсекогаш сум бил голем фан на Рафа. А, Роџер си е Роџер, тоа доволно кажува. И двајцата имаат фантастични кариери за која повеќето можат само да сонуваат“.

Пиринкова за неполн месец ќе има шанса да ѝ се реваншира на Серена за поразот на УС Опен, каде, иако имаше водство со 1-0 во сетови, загуби со 2-1.