Серена: Ќе играм се додека игра и Роџер Федерер

Серена Вилијамс и на 38 години нема намера да ја заврши својата богата кариера.

Американката е нешто помлада од Роџер Федерер и вели дека сè додека се натпреварува Швајцарецот, и таа ќе игра на официјалните турнири.

„Додека игра Роџер, ќе играм и јас. Јас сум дел од новата генерација која има среќа да користи модерна технологија и спортска опрема за грижа на телото“, вели Серена. 

23-кратната освојувачка на Гренд слем турнири годината ќе ја заврши без Грен слем турнир, но и натаму е компетитивна и се надева дека ќе продолжи да освојува трофеи и во следните неколку години.